Како да ви се помогне да бидете во форма и живот посреќен!?

од desk2
112 прегледи

Експертите велат постојано: диетите не работат. Се што треба да се стремите, е на здрав начин на живот, кој ќе ви помогне да загубитет телесна тежина и да ги задржите килограмите. Звучи лесно, но како да го постигнеме?

Нутриционист Лесли Лангевил го претставиначинот како да се постигне ова: Размислите за храната како за гориво. Ако вашето тело е машина, гледајте на исхраната како квалитетен начин да го натерате да работи. Вообичаено луѓето прифаќаат многу процесуирана храна богата со рафинирани јаглехидрати и шеќер.

Телото ги сака, бидејќи тие дејствуваат како дрога, а недостигот на квалитетна храна нè тера да сакаме уште и уште од нив. Кога ќе почнеме диета и престанеме да ги јадеме, слабееме, но по враќањето кон нив повторно ги качуваме килограми. Еве зошто треба да го запрете овој јо-јо циклус, вели Лесли.

Тоа не значи да се храниме само со мисиркино месо и да се откажеме од сета нездрава храна. “Воведувањето на премногу рестриктивни диети можат да доведат до прејадување со повеќе нездрава храна и до посилен апетит”, објаснува тој.

Затоа и се препорачува постепено намалување на храна, како бел леб, храна со бел шеќер, мрсни меса и пржена храна. Потоа треба да се фокусираме на земањето на повеќе овошје, зеленчук, цели зрна, екстра девственото маслиново масло, ореви, посни протеини.

Според Лесли, ако го следат овој начин на исхрана, само по еден месец ќе почнете да се чувствувате многу различно, ќе имате повеќе енергија, ќе се бидете сити и лесни, ќе спиете подобро, вашата кожа ќе биде свежа и ќе бидете повеќе фокусирани. Сето тоа ќе ве натера да барате и сакате поздрава храна и од своја страна – ќе ослабете, без да се подложувате на лишувања.

Кога ќе го промените начинот на размислување и перцепција на храната што јадете, како гориво, а секој оброк е енергија што ја давате на вашето тело, вие со задоволство ќе го замените бисквитот со јаболко. Тоа не значи дека нема да може да јадете бисквити, едноставно нема да ги сакате. И кога гледате нездравата храна, нема да си велите “О, не можам да јадам тоа”, а “Јас можам да го јадам, но не сакам.”