Како една мала лага на работник во пицерија стави во целосна изолација дури шест милиони луѓе?

од Stefanija Kuzmanovska

Во Јужна Австралија е воведен строг карантин затоа што едно лице заразено со коронавирус ги „лажело“ здравствените работници кои ги следат контактите, па мерките за затворање би можеле да се олеснат многу порано од планираното, објавија во петокот локалните власти.

Шокантната објава дојде само два дена откако властите наредија луѓето да останат дома и да затворат многу компании за да се борат против она што се сметаше за големо жариште на коронавирусот.

Премиерот на Јужна Австралија, Стивен Маршал, на прес-конференција рече дека човек во пицерија поврзан со избувнувањето ги лажел луѓето кои ги следат контактите на заразените, тврдејќи дека купил само пица таму, а всушност работел во пицерија.

Властите сметаа дека тој бил заразен за време на кратко изложување, но тој всушност работел неколку смени во пицерија со друго лице позитивно на вирусот.

Поради неговите лаги, властите верувале дека видот на вирусот е многу заразен затоа што се чинело дека трае 24 часа или помалку за новозаразеното лице да стане заразно за другите.

„Да кажам дека сум лут за постапките на оваа индивидуа е апсолутно потценување на ситуацијата“, им рече Маршал на зачудените новинари.
„Себичните постапки на тој поединец ја доведоа целата земја во тешка ситуација“, рече тој.

Иако епидемијата сè уште е загрижувачка, Маршал рече дека ограничувањата ќе бидат ублажени порано и одредбата да се остане дома ќе заврши на сабота на полноќ, кога многу деловни активности ќе можат да се отворат.

Бројот на нови случаи се очекува да се зголеми деновиве, но ширењето на инфекцијата не е толку алармантно како што се стравуваше првично.

Слични содржини