Кога се работи за купување на првиот автомобил, голем дел од луѓето сметаат дека е најдобро да купат старо, половно возило бидејќи тоа е поевтино и нема потреба толку многу да внимаваат на него. Но откако ќе го изгледаат ова видео веројатно ќе го сменат мислењето.

На четвртото издание на Светската недела за безбедност на патишта, организирано од Обединетите нации, австралиско-новозеландската програма за проценка на автомобили (ANCAP) направи тестирање на два модели на Toyota Corolla, едниот од 1998, а другиот од 2015 година.
Целта на тестот беше да се докаже дали постарите автомобили се посигурни во случај на сообраќајна несреќа и судир, или пак модерните технологии на новите модели додаваат дополнителна безбедност на автомобилот. Резултатот воопшто не е изненадувачки.
Поентата на тестот, велат од ANCAP, беше да се докаже дека половните автомобили не се најдобар избор, посебно ако размислувате да му купите некој од нив на вашето дете. Тие се небезбедни и можат да направат повеќе штета отколку добро.