Како изгледал првиот викенд во Италија после карантинот: Tепачки, пијанствa, напади врз полицајци

од Nikola Popovski
127 прегледи

„Нецивилизираниот дел од нашето општество го покажа најлошото од себе“, коментираат италијанските медиуми за десетици илјади млади кои излегоа во ноќен живот во градовите низ Италија, првиот викенд по завршувањето на карантинот.

Младите се забавуваа до 5 часот наутро, со музика, блокирајќи ги жителите во нивните куќи со автомобили и скутери и направиле таква толпа и врева што малкумина успеале да заспијат.

Најлошо или највесело било во Неапол, пишуваат медиумите, со фотографии од толпи и гужви од млади луѓе. Сообраќајот бил блокиран до 4 часот наутро, а имало големи забави, бучава, тепачки, пренесуваат медиумите.

Фоторепортерот за новинската агенција Анса, Чезаре Абате, сликал одредена група млади луѓе кои му се заканувале, па токму затоа бил принуден да ги предаде снимките од камерата.

Двајца полицајци исто така биле нападнати кога се обиделе да интервенираат.

Апелот што гувернерот Виченца де Лука им го испратил на граѓаните од провинцијата Кампања пред викендот, останл без ефект.

Де Лука, кога италијанскиот печат го нарекува „шериф“, поради неговиот начин на директно обраќање до граѓаните и мерките што ги вовел, ги повикал жителите пред викендот „да се контролираат во моментите на забава и да не се однесуваат како примитивци“, наредувајќи баровите и рестораните да се затворат во 11 часот.

Ништо не помогнало, пренесува печатот, бидејќи „забавата, по затворањето на баровите“ продолжила по улиците, тротоарите, на брегот.

Оние што се наоѓале во близина на неаполската вода, зборуваат за „колективно лудило“. „Тешко е да се контролира ситуацијата, ние сè уште сме во опасна фаза, потребна ни е граѓанска одговорност“, изјвил градоначалникот на Милано, Џузепе Сала.

За подобро контролирање на состојбата во втората фаза, по карантинот, надлежните решиледа мобилизираат 60.000 волонтери, т.н. „помошници“ кои ќе контролираат заедно со полицијата и карабиниерите, односно да спречат групирање и однесување спротивно на сè уште важечките мерки за заштита. Потребни се најмалку еден метар социјална дистанца помеѓу лицата и носење медицински маски на сите јавни места. Волонтерите ќе работат под раководство на цивилната заштита.