Само еден месец откако таткото на Меган Маркл изјави дека би сакал да ја испрати најмладата ќерка до олтарот, светските медиуми почнаа да пишуваат дека идната принцеза смислила друг план за нејзиниот голем ден.

Откако Меган се вери со принцот Хари, нејзиниот татко, Томас Маркл, им изјави на новинарите дека ќе има чест да ја испрати неговата ќерка на свадбата закажана за 19 мај во замокот Виндзор.

Сега во медиумите се појавија информации дека оваа американска актерка сака да отстапи од традицијата и нејзината мајка, Дори Рејланд, да ја испрати кон олтарот.
