
Британските експерти дадоа препораки за тоа што мажите треба да јадат ако не сакаат да имаат еректилни проблеми, вели Дејли Експрес.
Експертите наведуваат дека постојат многу фактори кои можат да доведат до импотенција. Според диетологот д-р Ким Клнгстон потрошувачката на одреден тип храна исто така води до еректилна дисфункција.
Злоупотреба на алкохол, висок крвен притисок и холестерол, замор, стрес, прием на лекови се само дел од работите кои можат да имаат влијание врз ерекцијата.
Пример за диета која може да доведе до еректилна дисфункција е “западната” диета. Да потсетиме дека тоа вклучува преработено месо, рафинирани јагленохидрати и слатки.
“Овој начин на исхрана, изобилува со трансмасти, не само што предизвикува акумулација на тежина, но и негативно влијае и врз мобилноста на спермата. Прекумерна тежина и дебелината можат да предизвикаат промени во хормоналните нивоа”, објаснува д-р Ким Клгстон.
“Намаленото количество тестостерон се одразува врз квалитетот на семената течност и придонесува за еректилна дисфункција или импотенција. Дебелината ја зголемува температурата во гениталната област и негативно влијае врз производството на сперма “, дополнува диетологот.
Таа вели дека мрсната и пржена храна треба да се замени со риби богати со омега-3 масни киселини.
Мажите исто така треба да консумираат повеќе овошја и зеленчук.