Меган Маркл уште кога беше актерка важеше за една од жените со природна и негувана коса, а нејзината тајна посакуваа да ја знаат многу девојки во светот.
Според фризерите, нејзината нега воопшто не е тешка, туку треба да се внимава само на најосновните работи, како што се често кратење на сувите делови и користење квалитетна и соодветна козметика.
Меган Маркл, а истот важи и за Кејт Мидлтон, редовно ги крати сувите врвови на косата, но не прави драстични промени во должината. Поради тоа нивните коси изгледаат убаво и негувано, без да дозволат оштетената коса да го наруши целокупниот изглед.
Меган, исто така, никогаш не ја врзува косата во цврсто коњско опавче или пунџа, туку секогаш ги носи во лежерна варијанта. За вечерниот изглед најчесто преферира слободно пуштена коса, речиси без стилизирање и обликување.
Но, многу важен чекор е и самата нега. Војвотката од Сасекс користи квалитетна козметика која ја избира заедно со своите фризери, наменета стрикно за нејзиниот тип на коса, што доволно зборува за тоа дека мора внимателно да избереме каков шампон користиме.