Како на природен начин да ја надминете главоболката?

од desk4
388 прегледи

Не постои човек кој во текот на животот не страдал од главоболка. Болката во главата може да биде различна – ненадејна и акутна, здодевна и мачна, интензивна и постојана и т.н.

Причината за сите нив најчесто е стрес или проблеми со видот или синусите, но може да биде и мигрена. Но, каква и да е главоболката, луѓето сакаат само едно – што побрзо да се ослободат од неа. Затоа посегнуваат по аналгетици и лекови против болка.

Но, не секогаш апчето делува, барем не со брзината со која сакаме.

Што можете да направите во таков случај?

Температурна терапија

При силни главоболки, една од лесните работи што може да се направат за да ја ублажат болката се топлите бањи. Причината е што топлината од тушот ги релаксира мускулите. Ако немате можност за топол туш, можете да се обидете и со топли облоги. За мигрена, имајте предвид дека подобро помагаат ладните облоги.

Ароматерапија

Аромата на масло од лаванда има смирувачки ефект врз главоболките. Нежно масирајте го челото и слепоочниците со масло. Ако немате масло од лаванда при рака, обидете се и со нане или портокал.

Вода

Дехидрирањето е честа причина за главоболки. Пијте вода редовно во текот на денот, но не претерувајте, бидејќи преголемиот внес на вода може да доведе до губење на соли и минерали.

Чај

Не станува збор за секој вид чај, туку конкретно за чајот ѓумбир. Во врела вода ставете парче ѓумбир, почекајте да зоврие и испијте го незасладен.

Слични содржини