Обично, парите се најсигурни во банка. Но, поради одредени причини некогаш сакате да ги имате во вашиот дом, каде што ќе ви бидат на дофат во секој момент. Во такви случаи, треба да знаете како да ги обезбедите и скриете вашите пари.
Каква и да е причината поради која ги чувате дома, решивме да споделиме со вас неколку совети околу тоа како најдобро да ги скриете парите од потенцијална опасност.
Најпрво, заштитете ги парите од кражба
Еден од најголемите ризици при чување на парите дома е опасноста од кражба, па веројатно тоа е и главната иницијатива за постоењето на банкарскиот систем. Иако не постои сигурен начин да се заштитите од крадци, постојат одредени чекори кои можат да го намалат ризикот од кражба.
Прво и најважно правило – не кажувајте на сите дека имате пари дома. Што помалку луѓе знаат за тоа, толку подобро. Потоа, скријте ги парите на некое место каде што никој не би се сетил да ги побара. Избегнете ги ѕидните сефови, кутиите за накит или пак полиците со книги, бидејќи тоа се првите места кои би паднале на памет на крадецот.
Заштитете ги парите од пожар
Веднаш по кражбата, најголема опасност за парите демне од пожарите. Во најмала рака, парите треба да ги чувате во огноотпорен сеф или пак во некоја незапаллива кутија.
Заштита од катастрофа
Земјотрес, ураган или некоја поплава може да го уништи вашиот дом заедно со сите работи во него. Бидејќи не можете да ги спречите природните катастрофи, најмногу што можете да направите е да го намалите ризикот од штета. На пример, наместо на едно место, распоредете ги парите на повеќе места во вашиот дом. На тој начин, дури и да се случи нешто непосакувано – нема сите пари да бидат оштетени одеднаш.
Опасност од инфлација
Постојат неколку начини да го намалите ризикот од инфлација, но не можете целосно да го елиминирате. Најдобра опција е да чувате што помалку пари дома, па затоа е препорачливо да го користите банкарскиот систем, кој самиот ќе се грижи за инфлацијата./Kajgana