Како најлесно да прочитате личност родена во знакот Бик?

од Elena Daskalova

Биковите важат за одлучни, темелни и упорни личности, кои во исто време се рационални, внимателни и аналитични, но во никој случај не се ситничари.

Сакаат да бидат успешни во работат,а но тоа не им е единствена цел во животот. Сакаат да уживаат во животот, да изградат дом, да создадат семејство… Добро ги контролираат своите чувства и апсолутно им се посветуваат на задачите кои си ги задаваат.

Имаат јасни цели, но не и соништа, бидејќи Биковите не се типови на луѓе кои сонуваат и идеализираат, туку се крајно стабилни и реалистични. Трпеливи се, истрајни, а понекогаш и тврдоглави. Единствена ситуација во која би се откажале од своите цели е ако се разочараат на патот при нивното остварување.

Понекогаш им се случува да бидат мрзливи, меланхолични и да се заглават во ропството на спомените, заборавајќи притоа на важните нешта кои мораат да ги направат. Добри се, но не и наивни. Лесно препознаваат кога некој сака да ги искористи или злоупотреби. Во тие ситуации се строги и груби.

Во друштво, не се многу зборливи, а хуморот и духовитоста не ги експонираат премногу. Не се расипници, но кога е во прашање личното задоволство, воопшто не штедат.

Слични содржини