All Star Converse се веројатно едни од најпознатите патики на сите времиња, но малкумина знаат за која цел биле првично изработени.
Компанијата за гумени чевли „Конверс“ ја основал Маркус Милс Конверс во 1908 година. Во 1917 година компанијата дизајнирала модерни старки под името „неклизачки“. Патиките биле изработени од платно и гумен ѓон. 
Потписот Тејлор е ставен во дизајн во 1930 година, кога патиките станале познати како Чак Тејлор Ол Стар. Првичните патики имале три главни ознаки: црно платно, црн гумен ѓон, а белите патики имале на ѓоновите плави и црвени линии. На логото „ All Star “ со ѕвезда е додаден префиксот Converse, додека логото на длабоките патики до денес останал непроменет.
Шест години подоцна, американскиот кошаркар Карлс Чак Тејлор се придружува на кошаркарскиот тим, чиј спонзор бил Converse All Star. Тејлор почнал да ги продава овие патики додека држел кошаркарски тренинзи во гимназиите ширум Америка. На негова иницијатива патиките се подобрени и биле пофлексибилни, а истовремено и ги штителе скочните зглобови од повреди.
Наскоро, се поголем број професионални кошаркари почнале да носат All Stars, а популарноста на патиките се зголемила за време на Олимписките игри, кога се повеќе спортисти излегувале на терен токму во овие патики. Во текот на Втората светска војна, дури и американските војници носеле старки во текот на вежбите. Од 1960 година Конверс ја шири својата компанија, а патиките ги носеле 90 отсто професионални, но и колеџ кошаркари. 
Меѓутоа, како се зголемувала популарноста на старките, така почнале да ги носат и оние кои не се занимавале со спорт. Поради тоа, Converse All Star одлучува од спортски обувки да почне да произведува секојдневни патики, што предизвикало воодушевување кај јавноста. „Старките“ станаа главен симбол на многу субкултури, а посебно на уметниците и музичарите.
Последниот играч во НБА лигата, кој носел старки бил Три Ролингс, во текот на сезоната 1979/1980 година, а Реј Ричардс во 1982 година бил последниот кошаркар кој излегол на терен во кожна верзија на овие патики.
Имајќи предвид дека „старките“ својата кариера во спортот ја завршиле, „Конверс“ во 1986 година ја лансира „Оксфорд“ линијата и брзо потоа се појавиле старки во сите бои и дезени, но и од најразлични материјали.
Иако патиките исчезнале од кошаркарската сцена, сепак се здржале на рокенрол и панк музичката сцена. Ѕвездите како Елвис Присли, Курт Кобејн, Рамонс и Ролинг Стоунс со задоволство ги носеле овие патики, а денес ги носат едноставно сите.