Денес беше ден повеќе за акција, помалку за политика.
Ама… луѓе со кал до колена и води во кеса во Стајковце ги запираше обезбедувањето за да Иванов и Коце дадат изјава на раат… помошта во механизација зависеше од врски, познанства и (на места) човечност и добра воља… војниците беа оставени сами на себе и без команда ниту опрема… мажи и жени со солзи во очи гледаа како губат се што сработиле, а оставени беа сами на себе… и уште капак, човекот кој ги убедува 10 години дека 600 милиона евра треба да се дадат за гипс и бронза, а не за атмосферски канализации; истиот кој потрошил милиони за НЕисчистени канали; истиот кој ги даде институциите за спасување во услови на кризи во рацете на дилетанти… тој денес ќе објаснува како требало!?!
Како не му е срам!
Радмила Шекеринска – Фејсбук статус