Кај тинејџерите кои често користат паметни телефони се забележуваат промени во хемиските процеси во мозокот споредливи со промените кои ги предизвикува зависност, објавија јужнокорејски научници.

Истражувањето е спроведено во универзитетот со Сеул и покажа дека во текот на користењето на паметните телефони кај тинејџерите доаѓа до зголемување на актвиноста на GABA невротрансмитерот во делот на мзокот поврзан со надградувањето, контрола на инхибициите и регулација на расположението. Се работи за подрачје вклупчено во развој на зависности.
Слични промени на хемиските процеси присутни се и кај луѓето зависни од порнографија или коцкање, додаваат научниците. Во студијата користени се податоци собрани од 19 испитаници.