Пандемија на коронавирус ќе има големо влијание врз претстојните исламскиот свет месец кој започнува на 23 април. Тоа што важеше за христијанскиот Велигден, сега ќе биде и за муслиманскиот Рамазан: нема собирања, пишува ДВ. 
Пандемијата е вистински тест за муслиманите од целиот свет, затоа што три од петте столбови на исламската вера се веќе директно погодени од корона-кризата. Многу земји ја имаат укината слободата на собирање и ги затвориле џамиите за задолжителната молитва, а аџилакот во Мека сега е незамислив, бидејќи Саудиска Арабија за првпат во историјата, го затвори светото место.
Сега во прашање се доведува и Рамазан. Тогаш муслиманите смеат да јадат и пијат само во вечерните и ноќните часови, како што го правел тоа и пророкот Мухамед.
Сепак, со оглед на брзото ширење на коронавирусот, во моментов „нормалниот“ пост е речиси незамислив, бидејќи секојдневно откажување од храна и пијалаци може да биде во корист на ширење на вирусот: физички стрес може да биде добра за развој на болеста. Инаку, исламскиот пост се применува само ако не се заканува по здравјето на лицето – болните и изнемоштени лица, како и бремените жени, се исклучени од постењето. Овој исклучок би можел да стане општо правило во 2020 година.
Рамазан без собирање
Традиционалниот заеднички ифтар за време на коронавирусот ќе биде проблематичен: тогаш семејствата и пријателите се собираат на заедничка вечера и молитва. Традицијата започнува со урми или слатки, со чаша вода или млеко. После ова следува молитвата и конечно заедничкиот оброк. Во време на „социјална дистанца“, ваквите собири секако се проблематични.
Илјадници луѓе понекогаш се собираат на ифтар и понекогаш целта е да се соберат пари за сиромашните и загрозените. Ваквите јавни собири се откажани во многу земји: владата во Египет ги забрани сите големи собири, Иран исто така масовно ги ограничува верските навики. Во видео порака во четвртокот, 9 април 2020 година, духовниот водач на Иран, Али Хамнеи им порача на своите сограѓани: „За време на овој Рамазан ќе мора да се откажеме од јавните собири. Ова се однесува и на молитвите и собирите за ифтар“.
2020 – година без Рамазан?
Корона-кризата може да има егзистенцијални последици за многу муслимански заедници, бидејќи донациите во текот на месецот Рамазан се важен извор на приход за нив. Централниот совет стравува дека немањето на овие донации ќе предизвика многу заедници да се затворат целосно, дури и по пандемијата.
Сè уште е нејасно дали постењето ќе се одржи оваа година. Бројни различни текови на исламистичко верување донесуваат одлуки независно едни од други. Иранската влада, на пример, сака да ги следи советите на лекарите, соопштиле официјалните ирански медиуми. И врховниот орган на сунитското муслиманско мнозинство, научници на универзитетот „Ал-Азар“ во Египет, ќе ја донесат својата одлука во согласност со советите на Светската здравствена организација.
Севкупно, можно е муслиманите ширум светот да завршат како милионските љубители на спортот: во 2020 година, сите големи настани ќе треба да бидат одложени.
Дојче Веле