Во резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во во местото Ново-Огариово во близина на Москва е поставен специјален тунел за дезинфекција за заштита од коронавирус, известува новинската агенција РИА.
Кога некој ќе влезе во тунелот, „водената магла“ ја опфаќа облеката и изложени делови од телото кои се дезинфицираат со раствор.
Како што се наведува, тунелот е опремен со програма за препознавање на лица и мерење на телесната температура.
Руската компанија „Motorne tehnologije“ од регионот Пенза е задолжена за производството и инсталацијата на тунелот.
https://twitter.com/rianru/status/1272933335573159938?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1272933335573159938&ref_url=https%3A%2F%2Frs-lat.sputniknews.com%2Frusija%2F202006161122791362-kako-se-putin-stiti-od-korone-u-svojoj-rezidenciji-video%2F
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопштил дека сите што се среќаваат со претседателот на Русија, претходно се тестираат за Ковид-19.
Во Русија се пријавени повеќе од 545.000 случаи на коронавирус, повеќе од 7.000 пациенти починале, а скоро 300.000 се излечени.