Како се лажат работниците на црно од Балканот?

од Vladimir Zorba
228 прегледи
Предлогот, кој го добил Дино Мехиќ звучел едноставно чудесно. Тој требало само да префрли 200 евра за изнајмување соба во баварскиот град Шпигелау и да стигне таму на сопствен трошок. Тој ќе добие работна дозвола, виза и ќе работи во ИТ секторот на самото место. Младиот Босанец, кој не можел да најде работа во својата татковина, веднаш тргнал на пат.

Во Шпигелау работите одеднаш се покажале сосема различни. Дино бил принуден да живее во руинирана зграда со уште 50 други лица од Босна, Србија и Хрватска. За право да ја поминат ноќта во преполната просторија, тој морал да плати 500 евра месечно, а ветената работа и визата не биле платени. Дино се плашел дека ќе се најде во некоја зграда како работник на црно, а кога „посредникот“ го побарал неговиот пасош, младиот босанец го свртел грбот на Баварија и се вратил во својата татковина.

Вистинското име на Дино Мехиќ е всушност поинакво. Исто како и многу други работници на црно од Балканот, тој се согласува да разговара со ДВ само ако неговото вистинско име остане непознато. Многу од овие луѓе се чувствуваат понижени откако подлегнале на евтини трикови на измамници и остануваат без евро во нивните џебови. Речиси сите ги прекршиле законите на Германија, поради кои можеле да завршат зад решетки или да им биде забрането да влезат во земјата. Многумина исто така чувствуваат вистински страв од мрежите на посредниците, бидејќи се вели дека се добро организирани и опасни.

Трагите водат кон Балканот

Дека таквите наводи не беа измислени беше потврдено овие денови. За време на голема полициска и царинска операција во Северна Рајна-Вестфалија, осум лица беа уапсени, кои издавале фиктивни сметки и одржувале мрежа за перење пари и работа на црно. Буџетските загуби на Германија од оваа криминална банда се проценуваат на најмалку 35 милиони евра. Меѓу затворениците има тројца Срби и еден Босанец. Исто така беа пронајдени многу оружје и пари.

Германија бегалци

Трагите на организираниот криминал поврзани со работата на црно, редовно водат кон Југоисточна Европа, и најмногу кон Западен Балкан. Весникот „Велт ам Зонтаг“ објави во август минатата година доверливи податоци на германската царина. Само во првото полугодие на 2017 биле, поведени се 65.755 истраги за работа на црно. Меѓу десетте држави, од кои пристигнуваат најмногу работници на црно во Германија, пет се од регионот на Западен Балкан: Србија, Босна / Херцеговина, Македонија, Косово и Албанија.

26-годишниот Дарко Секулиќ од српскиот град Ваљево добро знае за што станува збор. Преку словенечката фирма „Sluger“, тој работел на црно во Германија и Австрија. „Четири кревети беа ставени во градежен контејнер – моравме да спиеме таму. Добивавме 50 евра неделно за храна, и тие пари не беа доволни. Немав договор за вработување. Се потпишавме на нешто, но кој знае што е тоа“, вели тој.

„Машина за измама“

Кога Дарко ги објавил своите искуства на Фејсбук, со него се поврзале и други негови сонародници кои биле измамени од истата фирма. Измамниците почнале да се закануваат со насилство, затоа морало да соопшти за случајот на српската и словенечката полиција. Сега, Дарко се надева дека случајот ќе биде разјаснет.

work

Горан Црниќ сега е задолжен за оваа задача. Претседателот на „Delavska svetovalnica“, една словенечка организација за заштита на работничките права, вели дека очајните невработени луѓе од балканските држави премногу често манифестираат неверојатна наивност. „Има луѓе кои по неколку пати биле измамени и ја побараа нашата помош. Во интерес на овие луѓе и нивните семејства е, тие конечно да сфатат дека се обврзани да се информираат подобро“, рече Црниќ пред ДВ.

Сите обиди да се добие одговор од раководството на „Sluger“ засега останаа без резултат. Затоа пак одговор се доби од посредничката агенција „Fortuna Personal“, нарекувана од многу работници, вклучувајќи и Дино Мехиќ „машина за измами“. Агенцијата, која дејствува во сите земји од Западен Балкан, тврди дека одржува контакти со „илјадници работодавачи“. Доволно било човек да ја прати во агенцијата својата биографија и телефон за врска – и работата во странство му била речиси „врзана во крпа“.

„Fortuna Personal“ организира транспорт на работниците до странство, нуди јазични курсеви и се грижи за обезбедување на потребните документи“, пишува Сања Ковач, која ја рекламира фирмата во социјалните мрежи и тврди дека живее во Берлин. „Тоа се злонамерни гласини дистрибуирани од конкуренцијата“, одговори Ковач на барање на Фејсбук. „Предупредувам дека ќе ве тужам, ако се спомене името на нашата фирма во каков и да е негативен контекст“, напишала уште Ковач.

„Суров капитализам“

Истата фирма нуди контактна платформа за работниците од Србија, иако компанијата не е на официјалната српска листа на лиценцирани посредници за работа во странство. Оваа листа, која ја издава српското Министерство за труд, содржи вкупно 105 агенции за вработување. „Но, граѓаните често бараат работа во странство сами по себе. Ризикот да се биде без потребната заштита од државата е премногу висок“, изјави министерството во Белград.

Германија

Германската царина се бори против работниците на црно, но измамените работници од странство, кои останале без плата, се оставени да се справат сами. „Ако работникот не ја добие својата плата, тој мора да го тужи својот работодавач. Ние ништо не можеме да направиме во случајот“, вели Клаус Залцзидер, портпарол на Службите за финансиска контрола и борба против работата на црно при Царината. „Дури работникот да е екстрадиран од Германија поради недостаток на договор за работа, тој се уште има можност да го тужи својот работодавач“, објаснува експертот.

Стручњакот за трудово право Горан Црниќ тврди дека како Балканските земји, така и Германија не преземаат доволно мерки против измамниците, кои се претставуваат како посредници за работа во странство.

Без оглед на неговото лошо искуство, Дарко Секулиќ сака повторно да си ја проба својата среќа во Германија. Сега работи како перач на автомобили во неговиот роден град, но со неговата плата тешко е да го нахрани своето семејство.

„Мојот втор обид да си најдам работа во Германија ќе биде сепак легален“, уверува Дарко и додава: „Сега посетувам јазичен курс, а потоа ќе аплицирам повторно за странство. Жена ми и јас сме учеле градинарство. Во Германија се барале вакви луѓе“, вели тој.

Немања Рујевиќ, ДВ