Романтичната традиција на Денот на вљубените датира од пред неколку века и овој ден се прославува од луѓе од целиот свет со различни религии и култура.
Старите Римјани го прославуваат Денот на љубовта на 14 февруари, а упатуваат молитви кон божицата на бракот и мајчинството Јонона. Девојките кои бараат маж, пишуваат писмо и го фрлаат во длабока кутија. Оној кој ќе го извади, станува нивен сопруг.
Древните Грци организираат масовно водење љубов во чест на божицата на љубовта Афродита. За време на овие оргии некои си наоѓаат партнери во животот.
Денот на вљубените започнува да се слави масовно и во Западна Европа. Традицијата на пишување картички на Валентин, подарување цвеќе и бонбони и пеење на серенади се утврдила цврсто во главите на луѓето. Овој празник е рај за производителите на картички и кондиторските производи.
Според традицијата на англискиот двор во почетокот на 17 век, на Денот на вљубените млади мажи и жени разменуваат прстени и бонбони. Секоја жена може да оди и да го побара мажот, кој ѝ се допаѓа да ѝ стане нејзин сопруг. Најважно е дека мажот нема право да одбие на една дама. Но, ако сепак неговото срце веќе е зафатено, тој мора да ѝ подари свилен фустан.
Во Јапонија и Кореја празникот датира од 1930 година. Во Јапонија на Денот на вљубените подароци добиваат само мажите. Празникот за жените доаѓа еден месец подоцна, на 14 март, а денот е наречен “Белиот ден”. Спротивно на Јапонија, во Кореја постои традиција на “Црниот ден”, во кој сите осамени мажи се собираат и се опиваат.
Во страсната Франција Денот на вљубените се изразува во размена на накит и други романтични подароци, а во Данска мажите подаруваат исушени бели цвеќиња. На овој ден во Англија девојките се собираат пред изгрејсонце и погледнуваат низ прозорецот. Првиот човек кого ќе го видат станува нивен сопруг.
Во грофовијата Дербишир девојките ја обиколуваат црквата 12 пати во полноќ и повторуваат магична магија. Според легендата по ритуалот ја среќаваат вистинската љубов.
Во Јамајка на овој ден одржуваат масовни голи свадби, а на плажите доаѓаат бројни младеинци, кои одлучиле да си ветат вечна љубов. Во Бразил Денот на вљубените се прославува на 12 јуни. На овој ден Бразилките вршат магични ритуали со кои ги привлекуваат ергените.
Во Израел Денот на љубовта се слави на крајот на летото. Девојката може само да ја предложи раката на момчето кое ќе го избере. Германците ja поврзуваат љубовта со лудилото и ги сметаат вљубените за заштитник на лудите. На овој ден се красат психијатриските клиники со венци и цвеќиња.
Полјаците веруваат во чудотворната сила на љубовта и затоа го сметаат за свој долг да одат во црква и да се помолат за семејна среќа.
Свети Валентин е забранет за муслиманите во Саудиска Арабија. Луѓето кои ќе го допрам гревот на овој ден се тешко казнети. Во продавниците е строго забрането да се продаваат црвени рози, кадифени играчки и слатки во форма на срца. Властите сметаат дека “погубната западна традиција” ги поматува умовите на помладата генерација во Саудиска Арабија, ги поттикнува на грев.