Каква е поврзаноста меѓу Наоми Кембел и Џефри Епстајн?

од Stefanija Kuzmanovska

Во конечно незапечатените судски документи на обвинетиот милијардер Џефри Епстајн за педофилија се појавуваат бројни познати имиња од светот на политиката и шоубизнисот, а меѓу нив е и познатата манекенка и супермодел Наоми Кембел.

Дека е некако поврзана со Епстајн се знаеше пред неколку години, поточно во 2019 година, кога Би-Би-Си објави дека е пријателка со милијардерот, како и дека тој на нејзините родендени доаѓал во друштво на сексуалната робинка Вирџинија Робертс.

Во тоа време, Кембел тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер, Флавио Бриаторе, ја запознал со Епстајн.

„Тој секогаш беше во првиот ред на ревиите на Викторија Сикрет. Тоа што го направи е неописливо. Кога слушнав што направил… Му благодарам на Бога што имаше добри луѓе кои ме заштитија. Сочувствувам со жртвите. Не можам… Тие се доживотно обележани. Доживотно“, рече тогаш Наоми.

Таа негираше дека била соучесник на кој било начин и дека секогаш е тука да ги заштити слабите и оние на кои им е потребна.

Да потсетиме, во бројните судски документи кои беа објавени денеска, а во кои се идентификувани лицата поврзани со познатиот сексуален престапник Џефри Епстајн, се наоѓаат и имињата на двајца поранешни американски претседатели – Бил Клинтон и Доналд Трамп, како и бројни личности од светот на славните и познатите личности, како Мајкл Џексон, Вуди Ален и Кевин Спејси.

Слични содржини