Неодамнешно истражување, покажало дека забавувањето со апликации на телефонот од страна на родителите наместо играње со нивните деца има штетно влијание на врските помеѓу родителите и децата и предизвикува проблеми во детското однесување.

Децата кои не добиваат доволно внимание и поддршка од родителите воглавно се фрустрирани и хиперактивни. Во истражувањето учествувале 183 пара родители и нивните деца на возраст до 5 години. По набљудување на нивното однесување се заклучило дека децата се гневни и имаат изливи на бес.
Во текот на периодот од шест месеци родителите поднесувале извештај за нивната употреба на технологијата и го опишувале однесување на нивните деца. Во речиси сите случаи, времето поминато со разни уреди, дури и кога тоа било еднаш дневно, ја прекинувало квалитетната комуникација помеѓу родителите и детето. И мајките и татковците забележале дека тоа имало влијание на однесувањето на детето, а нив им се зголемувало нивото на стрес.
За жал оваа ситуација е многу честа во 21-виот век. Родителите се навикнати да трошат време на популарните средства со цел да направат пауза. На пример, американските родители поминуваат најмалку 9 часа дневно гледајќи телевизија, сурфајќи на Интернет или на нивниот смартфон. Ако покрај тоа родителите се незадоволни и од семејната ситуација или социјалниот живот, уште толку ќе се потпираат на дигиталната технологија.
Некои родители користат разна технологија со цел да одморат од децата, дури и кога тие имаат потреба од нивниот внимание. Во истражувањето се нагласува дека главен фокус треба да биде директниот контакт и комуникацијата со детето.
Експертите препорачуваат секој ден да се одреди период во кој нема да се користи технологија и кој родителите ќе го поминуваат со децата во парк, читајќи книги и слични активности. Прошетката или читањето многу помалку го нарушуваат односот помеѓу детето и родителите за разлика од технологијата.