Калеска-Валчева: Пописот ќе биде статистичка издржана операција

од Берта Китинска

Снежана Калеска-Валчева од СДСМ во вечерашното гостување на 24 анализа објасни дека верува дека ќе добиеме статистичка издржана операција со спроведувањето на пописот

-Верувам дека ќе добиеме статистичка издржана операција со која ќе се постигне целта.Две причини имам за такво верување, прво според законот целата надлежност за одвивање на оваа операција ќе го води Заводот за статистика како тело, орган ќе го направат професионалци, луѓе кои се занимаваат со статистика. Втората е тоа што овој закон ги исполнува сите европски стандарди.Еден ваков процес ако не инклузивен нема да биде ефикасен.Опозицијата обвинува дека не се вклучени, јас ќе потсетам дека за овој закон се преговараше од март месец каде беа вклучени сите и имаше преку 20 забелешки кои бие дадени од ВМРО и беа вметнати и не е точно дека законот се носи на шверцерски начин како што обвинува опозицијата.Последните амандмани кои беа предложени од опозицијата не беа усвоени, вели Калеска-Валчева.

Слични содржини