Калеска Ванчева: Како плафонот од стаклената купола да ми се сруши кога Милошоски кажа дека пратеник силувал жена

од Берта Китинска

Кога пратеникот Антонио Милошоски од говорница посочи дека некој од пратениците бил осомничен за сексуално злосторство во еден момент додека го слушав како плафонот од стаклената купола да ми се сруши и си реков што е сега ова, објасни пратеничките Снежана Калеска Ванчева од СДСМ.

„Ако е тоа вистина, тоа е страшно, да имаме некој во пратеничка група. Кога ние се кандидираме за пратеник тогаш имаме досие дали сме осудувани, дали се водела постапка против нас. Стандардна процедура без која не можете да помислите да ви ја потврдат кандидатурата во ДИК. Извинете ама тоа не е прекршок што застарува за година дена“, вели Калеска Ванчева во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Слични содржини