Калеска-Ванчева: За долг од 1000 денари, максималниот износ на камата ќе биде 1000 денари

од Nikola Popovski

СДСМ и парламентарното мнозинство поднесе измени на закони со кои се ограничува каматата на долговите, односно таа да не може да биде повисока од долгот. Ставаме крај на огромните каматни стапки кои досега во некои случаи и повеќекратно беа повисоки од самиот долг, изјави пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева.

Со предлог-законите, во ситуација кога износот на стасаната, а неисплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече или во пракса, за долг од 1.000 денари, максималниот износ на каматата да биде 1.000.

-Понатаму, со предлог законски измени се предвидува скратување на рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.

Ова во пракса значи намалување на можноста за акумулирање на каматата, но и стимулација за побрза наплата од страна на доверителите.

На овој начин ставаме крај на енормните камати што повеќекратно го надминуваа долгот и на тој начин граѓаните, па и цели семејства се туркаа во должничко ропство, кажа Калеска-Ванчева.

Слични содржини