Калифорнискиот музеј ќе може да ги задржи спорните слики од Германската ренесанса

од desk2
72 прегледи

Судот за жалби во Калифорнија ја потврди одлуката на понискиот суд со што музејот Нортон Сајмон во Пасадена може да ги задржи двете спорни дела од Германската ренесанса, коишто нацистите ги заплениле во Втората светска војна.

Уметничките дела под наслов „Адам” и „Ева”, инаку масло на платно, се создадени 1530 година, а во музејот се наоѓаат со децении. Мари фон Захер тврдеше дека овие слики се одземени од нејзиниот свекор, инаку холандски Евреин, кој се занимавал со трговија со уметнички дела. За време на Холокаустот, тој побегнал од Холандија.

Музејот од своја страна, тврдеше дека правото на сликите го стекнал легално во 1970-те, од руски дисиденти.

Обласниот суд во 2016 година одлучи дeка музејот во Пасадена полага право на спорните слики, а Судот за жалби само ја потврди одлуката.