Камчев: Фирмата Монт е чиста, немаме директен контакт ниту со ВМРО-ДПМНЕ ниту со СДСМ

од Aleksandar Todeski
403 прегледи

Министерството за внатрешни работи денеска не излезе со дополнителни информации за вчерашната проверка на фирмите поврзани со бизнисменот Јордан Камчев, а кои се поврзуваат и со долгот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од 400.000 евра од кампањата за време на претседателските избори.

Освен фирмата Монт, сопственост на Орка Холдинг на Орце Камчев, вчера се чешлаа и  Горфактори С.А. Шпанија, но и Полиестердеј, фирмата каде е и најголемиот долг на ВМРО-ДПМНЕ од кампањата.

Според бизнисменот Камчев, Министерството за внатрешни работи вчера увидело дека во Монт се е чисто и дека нема никакви контакти ниту со владејачката ниту со опозициската партија.

„Немаше никаква акција вчера, секојдневно доаѓаат луѓе од УЈП на контроли, најкултурно дојдоа од МВР луѓе да ги видат документите за продавано маици од Монт до Полиестер. Во целата коцепција што ја правиме секојдневно имаме фактури и испратници, сфатија дека се е чисто. Немаме директен контакт ниту со ВМРО-ДПМНЕ ниту со СДСМ, со никој“, рече Камчев по денешното сведочење во случајот „Рекет“.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, кој беше потписник на сметката која беше затворена со долг од 400.000 евра, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 рече дека не може да се сети во коа банка ја отвориле сметката, која подоцна е затворена и покрај долгот.

„Членот 11 кажува дека трасакциската смета се затвара по 3 месеци од конечните резултати од изборите за претседател. Ставот 9 кажува дека за одржувањето на изборите кои отвориле сметка, да ја затворат сметката со пренесување на правата. Пред да се регистрира Гордана Силјановска Давкова како правно лице – кандидат за претседател, таа собра 10.000 потписи. Кога ја поддржаме ние, потпишавме договр за коалиција. Согласно законот ја отворивме и затворивме сметката, не се сеќавам во која банка ја отворивме сметката. Дологот е пренесен, ние си го плаќаме едниот долг на рати, другиот е затворен“, вели Јанушев.

Според него, законот не бил никаде прекршен, бидејќи тие ја затвориле сметката навремено.

„Наменската сметка се отвара за подобар преглед каде и како одат парите. Факт е дека има долг, законот предвидува сметката да се затвори, каде е прекршокот не гледам. Ова е обид да се прикаже голема афера, се е согласно закон“, рече Јанушев.

 

Слични содржини