Камчев: Од мајтап одбрав торба Луј Витон за парите

од Aleksandar Todeski
409 прегледи

Во торбата имаше луксузни магазини за мајтап и торбата беше Луј Витон за мајтап, а внатре беа парите, ништо друго немаше, рече по сведочењето во судот бизнисменот Орце Камчев, оштетен во случајот „Рекет“.

„Бојан не знае што збори, кажа дека некој ги зел торбите од куќата на неговите родители, апсолутна лага, денеска вели дека ги вратиле. Милионот заврши кај Боки сигурно, а кој ги земал не знам. Со целокупната уцена што беше правена од криминалната група предводена од Бојан Јовановски, Катица Јанева, судија, адвокат и други лица, јас сум жртва“, рече Камчев.

За средбата на која присуствувал и министерот за здравство, Венко Филипче, бизнисменот истакна дека се работело за небитен состанок за нешто за што не биле заинтересирани ниту тој ниту министерот.

„Небитен беше состанок со Венко Филипче, Бојан Јовановски имаше идеја за јавно-приватно партнерство од мене непотврден, без интерес на министерот. Јас и Филипче сме преку 20 години пријатели и ќе ми биде пријател. Јовановски имаше идеја да се прави јавно-приватно партнерство и ние му рековме дека тоа не држи вода“, истакна Камчев.

Тој додаде дека имињата на многу функционери и директори биле злоупотребувани од страна на Бојан Јовановски, додавајќи дека ако било важно за истрагата ќе кажел.

„Во мојот случај „Империја“ направен за да дојде до Рекет немало ниту еден политичар, да имало ќе кажев. Катица Јанева не можам да ја обвинам дека ми нудела спогодба, кога не ми нудела, ми нудеше Јовановски. Јас ја слушав Јанева како кажува дека треба да се договорам со Бојан Јовановски за работа што е невозможна. Се што имам слушнато го соопштив и пред Вилма Русковска и денеска. Отворете кој се рекламирал на 1ТВ, по 200.000 евра нормални реклами што вика Јовановски, сите се рекетирани“, истакна оштетениот Орце Камчев.

Тој додаде дека бил чист во случајот, но и дека смета оти и обвинителката Лиле Стефанова е вмешана во случајот.

„Не сакам никој ништо да убедам, само да докажам дека сум чист. Случајот Империја е отворен за изнуда на пари. И по начелното мислење на Врховниот суд, тие не биле надлежни за отварање на случаи. Ако сум сторил криминал ќе одговарам. Јас вработувам 3.000 луѓе, најголем плаќач на данок сум во оваа држава, нема да дозовлам моето лице и лицето на моето семејство да го гаѓаат вакви накази како Бојан Јовановски и Катица Јанева. Обвинителката Лиле Стефанова е вмешана. Катица Јанева и давала противзаконски налози, а таа не пријавила кај државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, рече Камчев.

Судијката Весна Димишкова, според бизнисменот дел од доказите ги дала на нејзиниот брат, кој е адвокат, за тој да му ги продаде нему за одредена сума.

„ПИМ мерките што ми беа продадени од братот на судијката Димишкова од кого се добиени? Мене ми понуди спогодба братот на истражната судијка. Истите ми ги понуди и Бојан Јовановски. Јас да сум сакал некого да поткупувам или рекетирам, ќе платев на почетокот и ќе молчев. Јас со ова што го направив направив голема заслуга на државата, еднаш засекогаш да се исчисти злото во овој систем. Има и чесни луѓе, а сите ги етикитериаме дека се нечесни и корумпирани“, нагласи Камчев.

Тој додаде дека камерите во неговата куќа се поставени пред четири години.

„Имам пријатели во Америка и Бугарија, имам фирми низ целиот свет, нормално е да се консултирам со нив што да правам при вакви ситуации. Телевизијата му беше алатка да ја зголеми моќта повикувајќи функционери, судии, обвинители и тоа го употребуваше да врши рекет. Моќта на Катица беше огромна, а Бојан тоа го искористи за да прави такви работи. Јас откако го пријавив Боки ги прекинав со него комуникациите, јас само го информирав Зоки (Зоран Милевски) дека сум ги пријавил“, потенцираше Орце Камчев.

 

 

Слични содржини