Камчев за протестите во САД: Како популист и опортунист Трамп може да го нараче ова „војна“, може да користи и многу поекстремни изрази, за потоа неговите советници да го спинуваат изреченото и да го омекнуваат радикализмот

САД ги очекуваат вжештено предизборие во пресрет на конгресните избори во ноември 2026 кога на бранот на општото незадоволство од политиките на Трамп, демократите се надеваат да ја презеат контролата во Претставничкиот дом и Сенатот, вели новинарот и аналитичар Камчев за „Локално“

од Nikola Popovski
48 прегледи

САД се зрела демократија со воспоставен систем на проверки и противтежи чија задача е спречување одреден дел од власта да добие такви надлежности и премногу моќ за да создаде диктатура или да злоупотреби регуларни вооружени сили против обичните Американци. Говорите на претседателот  Доналд Трамп често се популистички и со голема доза на антиимигрантко расположение преку етикетирање на имигрантите како силувачи и убијци, вели за „Локално“, новинарот и политички аналитичар кој живее и работи во САД, Борис Камчев за големите протести во САД, особено во Лос Анџелес кои избувнаа поради имиграциските рации и политиките на американскиот претседател.

Камчев истакнува дека рациите за апсење на невини имигранти од Јужна Америка кои се трудат по американските фабрики и фарми, како и драстичните кратења на буџетските средства и укинувањето на многу државни агенции, во последно време ги подгреа тензиите во земјата. Протестите што деновиве се случуваат во илјадници градови и населени места низ САД, беа најавени и се во контекст на консолидација на опозицијата.

-Вчера, во пресрет на одбележувањето на 250-годишнината од создавањето на армијата на САД (што случајно се совпаѓа со роденденот на Трамп), голем број демократски и левичарски групи излегоа на протест против диктаториските тенденции на оваа адинистрација во национално движење наречено „Без кралеви“. Сепак, говорот на Трамп синоќа пред воената парада во Вашингтон, беше неутрален, без популистички повици а во полза на славење на успесите и реалната моќ на армијата, без која САД немаше да бидат суперсила и значаен играч во меѓунардната политик, истакнува Камчев.

Според новинарот, едно од главните ветувања во изборната кампања на Трамп беше справување со хаосот на јужната граница со Мексико и приливот и собирањето таму на стотици илјади имигранти.

-Нелегалните преминувања на границата беа рекордни во изминатите години, охрабрени од релаксираната имиграциска политика на администрацијата на претходникот Џо Бајден. Во трката против демократскиот кандидат Камала Харис, Трамп беше избран со убедливо мнозинство – покрај тоа што го доби изборниот колеџ (312 наспроти 226 гласови), тој доби и мнозиство од гласовите на избирачите (77 наспроти 75 милиони). Во изминатите 20 години ниту еден републикански претседателски кандиат не издвојувал ваква убедлива победа, резултатат што му дава за право на радикално спроведување на изборните ветувања, потенцира соговорникот.

Запрашан зошто баш „војна“ во Лос Анџелес и каква е неговата тежина, новинарот анализира дека со оглед на милионите дојдени нелегални имигранти во САД, рациите, користењето на униформирани служби за нивно задржување и депортации, како и користиењето на Националната гарда и маринците во случаите каде има ескалација на протестите како во Лос Анѓелес, сето тоа е дел од тој радикализам.

-Како популист и опортунист, претседателот на САД може да го нараче ова „војна“, може да користи и многи поекстремни изрази, за потоа неговите советници да го спинуваат изреченото и да го омекнуваат радикализмот, како на пример постапката со краткото задржување  на американскиот демократски сенатор Алекс Падиља на прес на министерката за внатрашни работи Кристи Ноем во Лос Анџелес завчера. Во своите јавни настапи, државните службеници, портпаролите и блиските советинци во Белата куќа и Стејт департментот, не се воздржуваат да го напоменат фактот со убедливата победа на Трамп лани во ноември, и дека избирачите им дале надлежност за спороведување, меѓудругото, и на вакви радикали политики, додава Камчев.

Тој додава дека протестите на опозицијата деновиве, посебно оние во Лос Анџелес, означени како „буре барут“ за експлозија на незадоволство од политиките на оваа администрација, го ставија во фокус несудениот лидер на опозицијата – градоначалникот на Лос Анѓелес Гавин Њусам. „Дојди и фати ме“ му порача тој на Трамп критикувајќи ја надоаѓачката автократија на Трамп, по неговите повици дека Њусам треба да биде уапсен поради неактивноста на полицијата на Лос Анџелес во смирување на протестите.

-Набљудувачите укажуваат дека се случува консолидација на демократите во посилно опозициско движење, а по внатрешните превирања од поразот на изборите во ноември 2024 година и очигледната заспаност во месеците по инаугурацијата на Трамп на 20 јануари. Најистакнатите „соколи“ во владиниот кабинет, како Ноем или советникот Стивен Милер, се спремаат за оваа консолидација и се спремни да спречат масовни протести и во другите сојузни држави каде на власт се демократски градоначалници и гувернери. Она од што всушност се плаши блискиот круг на советнции на Трамп е дека огромен дел од стотиците илјади демонстранти што излегоа на улиците во многу населени места низ САД, во метрополите од Сан Диего до Мајами и од Њујорк до Атланта е дека огромен дел од нив се незадоволни гласачи на Трамп, оценува аналитичарот.

Во однос на тоа дали Трамп може да сноси некакви последици од овие конфликти кои се случуваат на американските улици, Камчев потенцира дека радикализимот и вжештената реторика на Трамп станува сериозна закана по убиството на двајца државни законодавци и критичното ранување на уште двајца вчера во Минеаполис, сојузна држава Минесота.

-Консолидацијата на опозицијата сигурно ќе води и кон повик на одговорност на оваа админитсрација за според нив флагрантнот кршење на законите. Во тек се повеќе судските процеси против администрацијата, а поради отпуштањето на илјадници државни службеници и укинувањето на десетина државни агенции. Она што може да се каже е дека САД ги очекува вжештено предизборие во пресрет на конгресните избори во ноември 2026 година, кога на бранот на општото незадоволство од политиките на Трамп, демократите се надеваат да ја презеат контролата во Претставничкиот дом и во Сенатот кои сега се под целосна контрола на републикаците. Тогаш, конгересните демократски лидери како Чак Шумер и Кори Букер, би имале повеќе алатки за зауздување на авторитаризамот на оваа администрација, заклучува Камчев.

Фото и видео: Борис Камчев

Н.П.

Слични содржини