Кампања “Онесвести се”!

од Vladimir Zorba
188 прегледи

 

Пред локалните избори се очекува Груевски да започне со кампања под наслов “Онесвести се”.
Целта на кампањата е да се докажува “чудотворната моќ” на лидерот кој со еден допир од раката онесвестените ги враќа во живот и со едно отварање на устата ги прогласува за херои во битката за враќање на власт на неговата фамилија.
“Биди херој-онесвести се” во најважниот момент- ќе бил едниот слоган.
А вториот ќе гласел.
“Дозволи да те допре лидерот и спаси се”.

Тој има чудотворна моќ- освен ако не си вистина претепан до смрт како Мартин Нешковски или умрен како оној активист што тргнал на митинг со партиските автобуси на фамилијата од Охрид за Скопје па го фриле на патот за да не задоцнат да му аплаудираат на спасителот Груевски.
Веројатно се во тек преговори со Синодот на МПЦ за прогласување на Груевски во светец и чудотворец по што ќе биде изработена иконата “Свети Грујо чудотворец и двата милиони маченици”.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов