Канада може да го легализира канабисот и пред јули 2018

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Канадската влада може да ја легализира употребата на марихуана пред 1 јули 2018 година, за да не се поврзува овој настан со Денот на Канада, кој секоја година се одбележува на првиот ден на јули, соопшти Си-Би-Си. “Мислам дека 1 јули не треба да се поврзува со што и да е, освен со празникот на основањето на нашата земја”, изјави влијателниот член на владејачката Канадска либерална партија Бил Блер.

Во овој контекст тој нуди законот со кој се дозволува употребата на марихуаната во земјата на јаворовиот лист да стапи во сила пред 1 јули 2018 година, а не до тој датум, како што беше објавено порано.

На крајот на март стана познато дека законот за легализација на марихуаната може да биде примен од националниот парламент, каде мнозинство има Либералната партија, уште на 10 април оваа година.

Влегувањето во сила на мерката, како што беше истакнато, се очекуваше на 1 јули 2018 година. Се претпоставува дека употребата на марихуана во Канада ќе биде решена по навршувањето на 18-годишна возраст, но секоја провинција ќе може да ги крева возрасните ограничувања според своето видување, пишува ТАСС.

Федералните власти ќе одговараат за законитоста на испораките на лесната дрога и ќе се издаваат лиценци за продажба. Одлуката за соодветноста и начините за ширење на канабисот ќе се носат од регионалните власти.

За време на предизборната кампања сегашниот канадски премиер Џастин Трудо вети дека ќе го разгледа прашањето за легализација на оваа дрога во Канада со тоа што ќе се потпре на искуството на голем број Американски Држави.

На 1 јули 1867 година британската кралица Викторија (1819-1901) го потпишува Законот за Британска Северна Америка, кој  ја најавува Канада како двојазичен доминион (самоуправна држава) од Британската империја.