Канада воведе забрана за увоз на сите руски производи од алуминиум и челик

од Vladimir Zorba

Канада денеска го забрани увозот на сите руски производи од алуминиум и челик, како дел од новиот пакет санкции против Русија, поради нападот врз Украина.

„Украина може и мора да победи во оваа војна. „Продолжуваме да правиме се што можеме за да ги намалиме или ограничиме приходите што се користат за финансирање на нелегалната и варварска инвазија на Украина на (рускиот претседател Владимир) Путин“, рече канадската министерка за финансии, Кристиа Фриланд.

Забраната за увоз ги опфаќа и готовите и недовршените руски производи и ќе влијае на увозот на производи како што се алуминиумски лимови, алуминиумски контејнери, како и челични цевки, се наведува во соопштението, пренесе Ројтерс.

Слични содржини