Канарски Острови: Извлечени телата на пет мигранти, се трага по уште шест

од Aleksandar Petrovski

Итните служби на шпанските Канарски Острови соопштија дека извлекле тела на петмина мигранти и оти трагаат по останатите шест.

Итната служба преку Твитер соопшти дека мигрантски брод пристигнал на Ланзароте, еден од седумте главни острови близу северозападниот брег на Африка.

Властите соопштија дека за четворица мигранти во чамецот се погрижиле екипи на медицинска помош и тие се во добра здравствена состојба.

По шест лица продолжува потрегата, и од воздух и од море.

Слични содржини