
Мариглен Демири – Гени кој е обвинет за учество во протестите на т.н. „Шарена револуција“ се наоѓа на второто кандидатско место на листата на Левица за изборната единица бр. 1.
Левица и нејзиното раководство како и досега нема да потклекне пред овие подмолни притисоци од страна на репресивните апарати на државата. Секој наш член ќе биде бранет како симбол на нашата кауза за слободно и праведно општество. Во оваа наша мисија ги повикуваме сите граѓани и другари да го кренат својот глас и да ја поддржат Левица во борбата со неправедните судови и судии кои се само еден од приврзоците на оваа криминална власт, се вели во соопштението од Левица, која најави прес конференција пред Судот истовремено кога е закажано и рочишето за Демири.