Интересен хибрид на работна и конференциска маса со неверојатен футуристички дизајн кој потсетува на дијамант, креираше бугарскиот дизајнер Јово Божиновски, реализирано од „Елза дизајн“. 
„Хибрид деск“ (Hybrid desk) е одлична комбинација на мебел, која може да пронајде место во вашата работка соба или деловна канцеларија. Овој единствен облик има само една точка за потпирање, на страната каде седи претседавачот, поради што дизајнот бара прецизно пресметување на распоредот на тежината на масата.
Овој современ дизајн на софистициран модерен канцелариски мебел, овозможува дополнителна предност во примената на канцелариски мебел, како и за ентериер на канцеларија на иднината.