Кардиолог предупредува: Три групи на луѓе со поголеми шанси да имаат проблем со срцето, симптомите незабележливи

од Stefanija Kuzmanovska
380 прегледи

Кардиологот д-р Арсен Ристиќ гостуваше во српската телевизија Прва и зборуваше за проблеми со срцето, но и за загрижувачкиот ефект на коронавирусот врз еден од најважните органи во човечкото тело. Три четвртини од починатите го имале вирусот во срцето, а што се треба да се контролира ако сме прележале корона?

– Не бевме изненадени од истражувањето, но не треба да се сфати дека три четвртини од луѓето починалњ поради тоа воспаление. Системското воспаление доведува и до кардиоваскуларен проблем, иако проблемот е во белите дробови, исто така има и влијание врз крвните садови и срцето – рече тој.

Д-р Ристиќ објасни и што точно значи да се „пронајде“ вирусот во срцето.

– За да направи инфекција, вирусот мора да има рецептори на кои се прикачува, тие се наоѓаат на различни места во телото, болеста започнува со пневмонија, но може да се случи и кардиоваскуларниот систем да страда во следните фази. Срцевиот мускул се воспалува, миокардитис се јавува кај над 50 отсто од пациентите, се загрозува размената на гасови… Првите знаци на гушење, оптоварување, пореметување на срцевиот ритам се сигнал да се оди на кардиолог – рече тој.

– Миокардитисот е болест која се презентира од цел спектар на тегоби, од зголемен замор, мал прескок на срцевиот ритам, но и срцева смрт. Тешко е да се препознае веднаш токму поради тоа. Тоа е како автомобил, механиката значи дека ако срцето е проширено и ослабено, а електричната енергија е важен дел, тоа е нарушување на ритамот. Спортистите кои не се свесни дека имаат воспаление, ја губат свеста на теренот, поради нарушувања на спроводливоста на сигналот- рече тој.

Дали оние кои имале проблем пред короната се подложни на воспаление?

– Оние кои имаат повеќе рецептори и оние кои имаат поголема склоност кон инфекции и воспалителни реакции се повеќе склони. Проблемот најпрво се гледа во видот на тегобата, се прават ЕКГ, крвни тестови, а дијагнозата се поставува со комплетен алгоритам. KCS има традиција на врвна дијагностика и третман на такви пациенти, ние соработуваме со водечките светски центри за воспалителни болести на срцевиот мускул. Магнетна резонанца, биопсија кај пациенти кои имаат клинички сомнеж, а секако и лабораторијата е тука – рече тој.

По прележувањето на короната, важно е да се препознаат тегобите на време, но кога ги нема, секако треба да се следат барем лабораториски маркери, рече тој.

Слични содржини