КАРИЕРА.мк – Нова македонска мрежа за вработување

од Vladimir Zorba

Денеска официјално беше лансиран KARIERA.mk – новиот македонски сервис за поврзување на компаниите со кандидатите за вработување кој произлезе како резултат на заедничката соработка помеѓу тимови со над 10 годишно искуство во HR и IT индустријата.final-kariera-mk

KARIERA.mk ќе нуди преглед на актуелни огласи за работа во Македонија, достапни пракси, стипендии и останати можности за неформално образование со што цели да стане централно место кое ќе Ви помогне да напредувате во Вашиот професионален развој.

Исклучително сме горди што заедно со нашите партнери, некои од најголемите агенции за вработување во државава, обезбедивме сервис кој ќе им помогне на сите баратели на работа полесно да дојдат до посакуваното вработување, а истовремено и што на компаниите им ја олеснуваме потрагата по соодветни профили за позициите за кои имаат потреба“ – вели Ѓорѓи Какашевски, еден од основачите.

Секој кандидат ќе може да си креира свое професионално CV и со само еден клик на копчето “Аплицирај“ да се пријави како заинтересиран за определено работно место, пракса или стипендија.

Истовремено, KARIERA.mk ќе им овозможи на компаниите и агенциите за вработување да пребаруваат од достапната база на регистрирани апликанти и во согласност со нивниот профил да селектираат и понудат работа на оние кои се најсоодветни за определено работно место.

Огласите објавени на KARIERA.mk ќе бидат споделувани и преку Фејсбук страни кои вкупно имаат над 600.000 активни следбеници а ќе биде испраќан и таргетиран њуслетер на преку 100.000 пријавени кандидати – што овој сервис несомнено го прави најголема македонса мрежа за вработување сочинета од преку 700.000 луѓе.

Слични содржини