Карл Лагерфелд: Неговиот живот низ слики

од Vladimir Zorba
302 прегледи

Наследството и неверојатниот стил на една од највпечатливите модни икони во историјата, која почина денеска на 85 годишна возраст, ви ги прикажуваме низ фото-ретроспектива на неговиот живот.

1954

Во 1954, тогаш сосема непознатите дизајнери Карл Лагерфелд (21 година) и Ив Сен Лорен на дизајнерскиот натпревар сега познат како Woolmark Prize.

1960

По 3 години работа за Balmain, Лагерфелд е приклучи на француската модна куќа Jean Patou за 5 години.

1960

Лагерфелд на 27 години во неговата Париска канцеларија.

1961

Лагерфелд со модел во Jean Patou.

1964

Во 1964 тој започна фриленсерски да работи за  Chloé пред потоа да се вработи со постојан ангажман.

1973
Во канцелариите на Chloé.

Mid-70s

Лагерфелд во неговата Париска канцеларија.

1977

Тој ги создаде своите први стилски заштитни знаци – темни очила и коњско опавче во доцните 70-ти.

1978

Поекстравагантен портрет.

1982

На забава во Париз.

80-ти

Со една од неговите жени музи.

80-тите

Пред Пјер хотелот во Париз

1984

Кога дизајнираше за Фенди позира со сестрите Фенди.

1984

Во 1983 за првпат се приклучи во Шанел и во 1984 ја имаше првата колекција.

1984

Опкружен од група модели, вклучувајќи ја Џери Хол, за шоуто на Шанел есен/зима  1984.

1987

Лагерфелд позирал за Плејбој во ноември 1987.

1988

Со младата Софија Копола на шоуто есен/зима на Шанел.

Рани 90-ти

Клаудија Шифер и Карл Лагерфелд, за кого таа вели дека ѝ помогнал да ја лансира својата кариера во раните деведесетти.

1992

Дизајнерот за финалето на пролет/лето 1992 на Шанел шоу.

1995

Со младите Кејт Мос и Линда Еванџелиста зад сцената.

2001

Лагерфелд со Хеди Слимане зад сцената на шоуто на Dior Homme во 2001. Дизајнерот на Шанел толку бил заљубен во едно од оделата на Слимане, што изгубил тежина за да може да го носи.

2004

Во 2004 Лагерфелд се здружи со H&M – првата од соработките со дизајнерите на брендовите од високата мода- и колекцијата се распродаде за 24 часа.

2004

Дизајнерот може да е препознатлив по своите слим-фит модели, но во 2004 ги замени тесните пантолони со шкотски килт.

2005

Лагерфелд беше голем кока кола фан, но во 2005 се уште уживаше во чаша вино. 

2005

За Мет Галата 2005 која даде посебна чест на Шанел, Карл избра јавачки чизми и сребрени ракавици.

2005

Со Викторија Бекам.

2006

Со Линдзи Лохан во Лос Анџелес.

2007

Eма Вотсон се појави на ревијата пролет/лето 2008 на Шанел и кратко потоа стана рекламно лице на брендот.

2009

Кејт Мос која работеше за брендот од млада, позира за шоуто во Париз.

2009

Славата на Лагерфелд достигна нови висини по кампањата со маичките “Karl who?”

2009

Кеира Најтли лице и амбасадор на кампањата со години, позира на шоу во 2009.

2011

Лагерфелд е познат по неверојатните сетови. За есен/зима 2011 тој создаде апокалиптички сет со камења, чад и пепел.

2011

Во друго спектакуларно шоу тој ја повика Флоренс Велч да пее во огромна школка во сет кој го рекреира подморјето.

2012

Амбасадорот и модел на Шанел, Кара Делевин, се забавува со Карл на гала вечер на Канскиот филмски фестивал.

2014

Лагерфелд се поклони на со кумашинот Hudson Kroenig и Cara Delevingne за пролет/лето 2014 котур ревијата.

2014

Лагерфелд создаде тематско супермаркет шоу со Шанел храна и домашни производи за есен зима 2014.

2015

Кирстен Стјуарт е еден од последните амбасадори на Шанел.

2014

Лагерфелд исценира феминистички протест на ревијата за колекцијата пролет/лето 2015 на пистата во Париз, каде модели како Жизел Бундхен и Кара Делевин држеа политички транспаренти.

2017

Лили Роуз Деп ја доби задачата да го затвори бајковидното шоу на Шанел во 2017.

2018

Лагерфелд ја покажа својата израсната брада на ревијата за пролет/лето 2019, каде тој го трансформираше Grande Palais во неверојатна плажа.