Касиљас плука на „Златната топка“: „Почнете да ги наградувате тие што заслужуваат“

од Vladimir Zorba
266 прегледи

ЛЕГЕНДАРНИОТ шпански голман Икер Касиљас остро ја критикуваше наградата „Златната топка“ откако Лионел Меси ја освои во 2021 година.

Многумина сметаат дека наградата требало да биде доделена на полскиот напаѓач Роберт Левандовски или Жоргињо, кој ја покори Европа со Италија и Челси. Меѓу оние кои така мислат очигледно е и Касиљас.

„Сè потешко ми е да верувам во оваа награда“, изјави поранешниот голман на Реал за најценетата награда во светот на фудбалот.

„Меси за мене е еден од петте најдобри фудбалери во историјата, но мора да почнете да ги наградувате оние кои биле најдобри во текот на годината. По ѓаволите, не е толку тешко. Другите го отежнуваат тоа“, разочаран е Касиљас.

Да потсетиме, Меси стигна до својата седма „Златна топка“ со 33 поени предност пред Левандовски.

Слични содржини