Катар предаде одговор на листата барања на арапски држави

од desk2
92 прегледи

Катар денеска одговори на листата на барања на Саудиска Арабија и нејзини сојузници откако тие држави се согласија на властите во Доха да им дадат уште 48 часа за одговор по истекот на ноќешниот првобитен рок.


Западни медиуми јавуваат дека не е познато што пишува во одговорот.

Потврдено е само за куса посета на катарскиот министер за надворешни работи Шеик Мохамед бин Абдулрахманб ал Тани на Кувајт.

Шефот на катарската дипломатија претходно изјави дека листата на барања е „составена за да биде отфрлена“.
Група арапски држави продолжија денеска краен рок за Катар да одговори на листата на нивни барања до утре на полноќ.