Ако мораме, ќе одиме и на избори и тогаш ќе успееме, но овој обид во Собранието вреди многу….
Вредна е оваа дебата во Собранието. Различна е и подемократска од многу други клучни моменти од блиското минато кои кулминираа дури и со насилство.
Нашиот Дом на демократијата почнува да наликува на платформа за дискусија, а пратениците од власта и опозицијата после долго време очи в очи разговараат за суштината на иднината на државата.
Очигледни се различните мислења, но вреди да веруваме и да дадеме шанса повиците за преземање на одговорноста, за следење на интересите на граѓаните и за национално обединување да дадат резултат.
Немам преголеми очекувања, но ова што се случува деновиве е демонстрација на политика за цели кои се поважни од секој од нас, од која било партија, од кој било личен интерес и од која била кауза на која било заедница. Ова е верба и битка за најголемата македонска кауза, кауза над каузите, а тоа е граѓаните на Македонија конечно да успеат преку Домот на демократијата да ја однесат својата земја напред.
Ако мораме, ќе одиме и на избори и тогаш ќе успееме, но овој обид во Собранието вреди многу, и ако успее ќе биде историски демократски исчекор.
Фејсбук статус на Марјан Забрчанец