219
МВР информира дека денес за 8 часа на автопатот Куманово-Скопје-Велес, санкционирани се 98 возачи, поради управување со возило со брзина поголема од пропишаната.
-37 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а четворица со дури над 70 километри на час над дозволеното. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од полицијата.
Според објавената слика на сајтот на Министерството за внатрешни работи, еден од казнетите возачи возел со 197 километри на час.