Казнети 157 возачи во Скопје, 4 возеле под дејство на алкохол

од Nikola Popovski
127 прегледи

„Само на територијата на град Скопје, Сообраќајната полиција изрекла вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, 16 за користење на мобилен телефон, четири за возење под дејство на алкохол“, соопштуват од МВР, продолжувајќи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Според извештајот, изречени се и 11 санкции за непочитување на брзината на движење, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 41 мерка за непрописно паркирани возила и 31 прекршок направен од страна на пешаците.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Слични содржини