Казнети 36 пешаци во Скопје

од Берта Китинска
405 прегледи

Вчера на територијата на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 14, 10 санкции за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.

-Изречени се 36 прекршоци што ги чинат пешаците, седум санкции за користење мобилен телефон, шест за минување на затворен сигнал(црвено светло), три за некористење сигурносен појас, 66 за непрописно паркирани возила. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштија од МВР.