186
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 536 возачи.
Од нив 36 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 262 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 274 надвор од населено место, информираат од МВР.