Казнети 558 граѓани за неносење маска

од Берта Китинска
209 прегледи

Од 22 часот (16.03.2021) до 05 часот (17.03.2021) констатирано е дека 11 лица не ја почитувале забраната за движење.

-Во текот на изминатото деноноќие пак (16/17.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 558 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19, соопштија од МВР.