Казнети над 500 возачи за еден ден, 9 возила се движеле со над 70 км/ч повеќе од дозволената брзина

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (17.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 501 возачи.

Од нив, 67 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Слични содржини