247
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија полицијата казни 306 лица кои биле затекнати без заштитна маска на лицето.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.
Заштитна маска на лицето или соодветна прекривка преку носот и устата се задолжителни и во затворен, но и на отворен простор, со цел да се спречи ширењето на заразата.