Казни за прекршок на Изборен законик: Ќе одговара ли некој од ВМРО-ДПМНЕ како Бошкоски во 2011 година?

од Aleksandar Todeski

На 6 јуни 2011 година, еден ден по предвремените парламентарни избори, во медиумите одекна апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Во неговиот автомобил, пред ресторанот Воденица беа најдени пари, за кои Бошкоски беше обвинет дека требало да ги користи за плаќање на изборните кампањи, но и за кои во „бомбите“ се слушнаа идниции за монтиран процес.

                                                          Foto: Maja Zlatevska / CROPIX

Осум години подоцна, Државниот завод за ревизија излезе со информација дека ВМРО-ДПМНЕ должи за кампањата од претседателските избори 400.000 евра. За Бошкоски, ова е парадокс, бидејќи истиот ревизор кој во 2011 оценил дека во кампањата на Обединети за Македонија се воделе изборните кампањи согласно законот за избори, истиот тој државен ревизор открил дека во кампањата за претеседателските избори во 2019 година за Гордана Силјановска-Давкова, 400 000 евра се непокриени.

„На тој начин е извршено едно кривично дело, за кое се надевам дека против актерите, пред се против потписникот на извештаите, потписникот на кампањата, господинот Јанушев и другите, во една транспарентна судска постапка ќе се докаже дека извршиле дело, спротивно на изборниот законик. Очекувам дека органите на прогонот, во една транспарентна судска постапка ќе спроведат истрага и доколку ја покажат вината и виновниците ги изнесат пред судот за овие 400 000 евра, кое е скандалозно, кое е тешко кривично дело или ако се докаже нивната невиност, да не се постапува по ова дело или да не се повторува историјата„, истакна Бошкоски по рочиштето за „Тортура“.

Бескрупулозноста во апсењето на Бошкоски пред ресторанот Воденица, можеше да се слушне и во „бомибте“ кои ги објавуваше сега владејачката СДСМ како опозиција, а каде се слушаше како тогашниот директор на УБК и братучед на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков како кажува колку години затвор му следуваат на лидерот на ОМ, но и индиции дека случајот е монтиран.

Мијалков во телефонскиот разговор со Драган Павловиќ Латас, со исмевање зборуваше за апсењето на Бошкоски, а во еден претходен разговор, тој навести дека ќе апси ден по изборите.

„Лежеше тука 40 минути, сите го гледаат. Па го свртеа со главата према вц, со лисиците. Народ гледа. Му е**в мајката. Со Велија сега ќе се дружат. 8 години ќе му биде ова да знаеш. Ја ќе му пуштам некој понадарен така, да го е*е унутра“, беа дел од изјавите на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Бошкосски во изјавата за медиуми, повика на јавно и транспарентно судство и ги повика надлежните да се изборат за праведно извршување на судските постапки, но и за започнување на постапка за расчистување на случајот кој неодамна излезе во јавноста како долг на ВМРО-ДПМНЕ со кој при финансирање на кампањата на Гордана Силјановска-Давкова пред затварање на сметката за финансирање на кампањата е противправен, согласно член 71 од Изборниот законик.

Слични содржини