Ќе има зголемување на цената на струјата, најави Ковачевски

од Nikola Popovski

Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски потврди дека после очекуваме зголемување на цената на електричната енергија после Нова година.

-Треба да се биде свесен дека цената нема да биде иста како годинава. Цената на електрична енергија ја одредува регулаторна комисија. Ние 33% учествуваме во цената. Ние ќе гледаме да одиме со најниска производна цена, но да бидеме свесни дека нема да одиме со истата цена оваа година. Ќе има покачување на цената, но не можам ниту јас ниту некој друг во колку проценти ќе биде“, изјави Ковачевски во емисијата „21 анализа“.

Слични содржини