Високите температури не го оставија ниту Рим. 500 евра глоба можат да заработат дури и туристите кои ќе направат и најмал обид да се разладат во јавна фонтана.

Според декретот на градоначалникот на Рим Вирџинија Раџа, потопувањето на нозете, седење по рабовите на фонтани, миење и потопување на миленичето е најстрого забрането .
Прекршителите ќе се соочуваат со високи парични казни. Новите рестриктивни мерки се насочени не само од оние кои сакаат да се изладат во текот на денот, но и за оние кои истураат таму чаши и шишиња со пијалоци во текот на ноќта. “Убавината на Рим треба да се почитува од сите”, рече Вирџинија Раџа. На социјалните мрежи, сепак, таа веќе е предмет на критички коментари и потсмев.