Ќе почне да се гради првата дваесеткатница на паркингот кај „Холидеј Ин“

од Берта Китинска
305 прегледи

Инвеститорите – фирмата „Фешн груп“ и Македонската православна црква немаат пречки да почнат со градба на висококатниците на паркингот кај „Холидеј ин“

-Нема никакви пречки за решението да стане правосилно. Немаме добиено никаква жалба од непосредни соседи или од кој било што може да го пролонгира процесот, изајви денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ за неколку медиуми.

Дозволата е извесна за првата 20-катница која се наоѓа на земјиште во сопственост на МПЦ-ОА бидејќи за неа се уплатени комуналии во висина од 2.4 милиони евра на сметкитите на Град Скопје и на Општина Центар. За другите два објекти – станбена зграда и деловен центар дополнително ќе се платат надоместоците за уредување на градежносто земјиште.

Според планот, на просторот ќе никнат три висококатници за 400 стана или 1 200 жители со илјада паркинг места.

Слични содржини