Ќе се гласа со отпечаток од прст?

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев апелираше Државната изборна комисија (ДИК) побрзо да ги набави апаратите за отпечатоци на прсти кои би се користеле за избори затоа што тоа е предвидено и во закон, а обезбедени се и пари.

„Ќе направам се да набавиме и тоа е што зависи од нас. Министерот за финансии реагираше конкретно, пари од буџетот има, ако дофалат ребаланс имаме, секако да тоа се направи дадовме писмено од страна на финансиите за да може претседателот на ДИК и целото ДИК веднаш да влезат во постапка на набавка на апаратите за фингерпринт, односно отпечаток на прст.Верувам има современи европски технологии и тоа може брзо да се направи, имаме јасни постапки во државата, до изборите имаме околу 8 месеци за кои што можеме да стигнеме. Апелирам ДИК брзо да влезе во таквата постапка“, истакна Зоран Заев.

Шефот на опозицијата Христијан Мицкоски вели дека не е доволно тоа што премиерот повикал да се набават инструментите, туку треба целосна заложба за да се обезбедат сите потребни средства.

„Прво што треба да се направи, тоа е еден сериозен однос од страна на Владата, да ги обезбеди тие терминали. Соседна Албанија веќе ќе ги применува тие терминали на следните избори кои треба да се одржат во април. Процедурата ја почнале и завршиле во рок од три месеци. Ние апелираме веќе еден месец да се почне таа процедура, која е законско решение, во членот 108-а многу јасно стои дека на следните локални избори гласањето мора да биде со помош на овие терминали за отчитување отпечаток од прст“, изјави Мицкоски.

Слични содржини